Категории

Овие 10 намирници се здрави, а можете да уживате во нив без да добиете вишок килограми

Храната која нема калории не постои, но одредени нискокалорични намирници се состојат во поголемиот дел од вода и влакна, кои бргу ќе ве заситат.

Меѓутоа, храната која не дебелее сепак постои, а покрај тоа овие намирници се многу здрави и преполни со витамини и антиоксиданси.

Целер

Стеблото на целерот е составено од околу 90% вода и здрава количина на влакна. Големиот процент на вода го прави целерот идеална летна намирница со која можете да му обезбедите на телото доволно течност.

Спанаќ

Една чинија сиров спанаќ има околу 33 калории. Тоа е исклучиво здрава намирница која изобилува со витамини.

Краставица

Краставицата е добар извор на калиум, магнезиум, фолна киселина и витамин Б.

Боровница

Боровницата има повеќе антиоксиданси од било кое друго овошје.

Домат

Доматот е полн со витамин Ц. Исто така, оваа намирница е една од ретките која со преработување (сушење, варење, пасирање) не ги губи нутритивните вредности.

Цитрон

Цитронот е полн со влакна, поради што ве држи сити. Половина цитрон содржи само педесет калории.

Капини

Капините се вкусни и богати со витамините A, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, E, K и фолна киселина.

Зелена салата

Зелената салата е лесна за желудникот и има многу малку калории, така што е добар избор за луѓето кои сакаат да ослабат. Исто така, таа е одличен извор на витамините А и К.

Јагоди

Јагодите се нискокалорични, содржат вкупно 28 калории во една порција. Воопшто немаат масти, а имаат ниско ниво на натриум и шеќер.

Брокули

Енергетската вредност на свежите брокули изнесува само 34 калории на 100 грама. Овој зеленчук е преполн со витамини и минерали.

 

Прегледи:
346
Објавено на:
21.05.2018