Категории

Овие 10 работи никако не смеете да ги правите на вашето интимно подрачје!

Луѓето се плашат да одат на лекар, бидејќи посетата најчесто ги асоцира на можноста од одредена болест, односно откривање на истата. Кога станува збор за редовен преглед кај гинеколог, многу жени не сфаќаат колку е тоа важно.

Преку него може да се открие постоењето на некоја болест на репродуктивните органи уште кога е во рана фаза, а на тој начин може успешно да се излечи.

1. Не го чекајте првиот сексуален однос за да посетите гинеколог

Жените првата менструација ја добиваат најчесто во периодот од 13-15 години. Тогаш е и време за првата посета на гинеколог, а не дури по првиот сексуален однос.

2. Не одете кај гинеколог кај кого се чувствувате непријатно

Ниедна посета на гинеколог не може да биде пријатна. Меѓутоа, доколку почувствувате дека гинекологот ја преминува границата на професионален однос, најдобро е да побарате помош од друго стручно лице.

3. Не срамете се да зборувате за проблемите кои ве мачат

Лекарите се тука за да ви помогнат најдобро што знаат и можат. Не постои прашање поврзано за вашето здравје кое не смеете да го поставите, бидејќи тие се тука за да го решат вашиот проблем. Голема е веројатноста дека веќе го имаат претходно слушнато истото прашање.

4. Не го бричете или депилирајте интимното подрачје пред посета на гинеколог

За нив не е важно како вашата вагина изгледа, тие се тука за да се погрижат за вашето здравје. Депилацијата може да предизвика оток, а тоа само ќе им ја отежне работата на гинеколозите.

5. Не ги игнорирајте симптомите на уринарна инфекција

Доколку чувствувате болка и притисок при мокрење, време е за посета на доктор, а овие симптоми немојте никако да му ги премолчите на својот гинеколог.

6. Избегнувајте миризливи сапуни и купки

Секој гинеколог тоа ќе ви го забрани. Иако е убаво кога се е чисто и миризливо, овие препарати можат да предизвикаат габични инфекции и бактериска вагиноза.

7. Користете заштита 

Најдобрата заштита од полово преносливите болести е презервативот. Контрацептивните пилули ќе ве заштитат од несаканата бременост, но во врска со полово преносливите болести се потполно немоќни.

8. Не избегнувајте тестирање на полово преносливи болести

Доколку сте сексуално активни, неопходно е да се тестирте барем еднаш во годината. Меѓутоа, доколку често менувате партнери и имате односи без заштита, морате да ги правите и почесто.

9. Не ја прескокнувајте годишната контрола

Ова е неопходно поради превенција од болести, рано воочување на било какви промени и спречување да станат голем проблем. Исто така, постои можност да имате инфекција која нема никакви симптоми, а може да се открие со еден преглед.

10. Не користете миризливи лубриканти

Доколку партнерот сака да користи миризливи лубриканти, не го правете тоа само да да го задоволите. Тоа не е добро за вашата вагина.