Категории

Овие 3 хороскопски знаци знаат вистински да сакаат, но многу биле повредени и затоа се ладни!

Понекогаш поради скршено срце, луѓето се затвораат во себе и делуваат ладно, а всушност тие само се плашат повторно да не бидат повредени. Тоа важи за овие три хороскопски знаци!

1. Риби

Рибите имаат навика да молчат и да не го искажуваат своето незадоволство. Собрајќи ги сите грижи во врската тие стануваат „жртви“. Во врската прават сѐ за партнерот, а многу малку за себе. Затоа најчесто завршуваат со скршено срце.

2. Стрелец

Кога Стрелците ќе се заљубат тие прават се за саканата личност. Најчесто го забораваат разумот и се водат по срцето. Тие живеат под слоганот „сега и овде“ и тоа ги прави да бидат ранливи.

3. Рак

Раковите во почетокот се воздржани, но штом ќе почувствуваат дека некој им одговара целосно се препуштаат на таа личност. Тоа најчесто ја „гуши“ другата личност, па затоа бара дистанца- а Раковите не можат да ја разберат причината.