Стресот стана голем дел од нашиот секојдневен живот, што понекогаш не сме ни свесни дека сме под стрес. Се манифестира на неколку начини, а некои од нив се физички. Овие 4 знаци покажуваат дека сте под емоционален стрес.
Недостаток на енергија. Стресот влијае, не само на умот, туку и на телото, преку лачење на хормонот кортизол во крвта. Ова води кон брзо дишење и пулс, поради што се чувствуваме изморено и мрзливо. Стресот, исто така, може да предизвика несоница, бидејќи ја попречува способноста на организмот правилно да го регулира спиењето.
Крцкање со заби. Може да се случува свесно или несвесно, додека спиете. На овој начин организмот се справува со стресот, користејќи ги виличните мускули. Ако се повторува често, може да доведе до оштетување на забите.
Ослабен имунитет. Лесно можете да се разболите.
Храна. Кога сме под стрес јадеме за да го олесниме чувството на напнатост и фрустрација: најчесто тоа е чоколадо. “Стресната исхрана” значи зголемен апетит. Зголеменото количество на кортизол може да го зголеми апетитот.
Ако ги забележите овие знаци обидете се да се справите со стресот со техники за релаксација (вежби за дишење, таи чи, јога, медитација и слично).