Категории

Овие 5 работи ја убиваат страста во креветот

Ако живеете заедно со вашиот партнер тогаш спалната соба треба да ви биде најинтимната соба во домот. Но во реалниот живот луѓето често свесно ја расипуваат романтичната атмосфера со лошите навики, а овие 5 работи ја убиваат страста во креветот.

1. Планирање на обврските
Многу луѓе пред спиење почнуваат да размислуваат за обврските кои ги очекуваат следниот ден. Ова е сосема нормално, но обидете се мислите да ги задржите за себе и да не се оптеретувате премногу со проблемите кои ве очекуваат утре. Овие теми ја убиваат страста и романтиката, а можат да предизвикаат и расправија помеѓу партнерите.

2. Одење во кревет со лаптоп или мобилен
Освен што ова е лошо за вашето здравје, гледањето во екранот на телефонот или лаптопот е штетно за комуникацијата помеѓу партнерите.

3. Несредена соба
Расфрлани алишта, торби, кеси и сите други работи на кои не им е место во спалната не придонесуваат за романтична атмосфера. Обидете се редовно да ја чистите собата поради вашата врска и подобриот сексуален живот.

4. Спална соба за гости
Убаво е да се биде добар домаќин, но треба да ги знаете границите на гостопримството. Вашите пријатели и роднини не треба да спијат во вашата спална соба, бидејќи ова е најинтимниот дел од вашиот дом. Мислата дека некој што го познавате спиел во вашиот кревет веднаш ќе ја убие страста, особено ако станува збор за вашите роднини.

5. Работа или учење во креветот
Спалната соба треба да биде соба во која ќе се чувствувате опуштено. Ако работите во креветот во кој спиете ќе бидете подложени на стрес и ќе престанете да ја доживувате просторијата како соба за одмор и релаксација.