Доказите за љубовта доаѓаат на многу различни начини, но постојат неколку работи кои докажуваат дека сте му многу важна на вашиот партнер!
Вистински заљубениот маж никогаш нема да ги направи овие 5 работи:
Ги игнорира вашите пораки
Вашите пораки ќе бидат игнорирани од човек кој не е премногу заинтересиран, а оној кој е заљубен во вас, ќе се обиде да ви одговори што е можно поскоро и со нетрпение ќе ја очекува вашата следна порака.
Инсистира на слободен простор
Мажите на кои им треба простор затоа што сметаат дека се гушат во врската, не значи дека се лоши – но тие дефинитивно не се заљубени.
Ве критикува за секоја мала работа
Заљубениот маж ги гледа вашите квалитети, нема потреба да ве менува, не ве критикува и е среќен што ве има таква каква што сте.
Се допишува со други жени
Мажите честопати уживаат во разговори со други жени, дури и кога се во врска, затоа што се чувствуваат попосакувани поради ова. Но, мажот кој е навистина заљубен нема да има потреба некоја друга жена да го посакува.
Неговата кариера е пред вас
Препорачливо е вашиот партнер да биде амбициозен, да се грижи за бизнисот, како и за сите други аспекти во животот, но ако тој е навистина заљубен, вие ќе му бидете приоритет!