Категории

Овие две македонски ѕвезди ветија помош за Марко Чаласан

Малиот компјутерски гениј Марко Чаласан (16) пред неколку дена ја загуби својата мајка Радица.

Овој генијалец стана светски познат уште на 6 годишна возраст поради неговите успеси во областа на информатиката.

Сега, по смртта на неговата мајка, која ја изгуби битката со ракот, остана сосем сам.
Тој живее во изнајмен стан во Аеродром, без ниту еден близок кој би можел да му помогне.

Веднаш по оваа информација две големи македонски ѕвезди ветија помош за него.

Најпрво Панчо од ДНК на својот профил објави: „Ај доста политика и да се фатиме за сериозна работа . Сега го прочитав постот и ако е точно сакам јавно да кажам / ветам дека во рамки на нашите финансиски можности како фамилијарни луѓе јас со мојот колега од ДНК, Андреј Ѓеоргиевски сме спремни да му покриеме 6 месеци кирија на Марко Чаласан . Со душа и кејф ќе одделиме од нашите деца бидејќи ова дете е МАКЕДОНСКИ ДИЈАМАНТ …… Ве молам ако го види постот некој негов близок нека ме исконтактира во инбокс …… Ви благодарам од срце!“

Веднаш потоа се јави и Елена Ристеска која рече: „Само што го прочитав ова кај тебе Владимир Блажев и многу се растажив! 6 месеци покривате за кирија вие со ДНК следните 6 месеци ќе ги покријам јас! Воедно ги повикувам моите колеги да му помогнеме на детето кое толку младо го губи својот родител баш кога му е најпотребен. А сигурна сум и за тоа дека ваков гениј или чудо од дете што ретко се раѓа и државата ќе му помогне“

Секоја чест за овие наши ѕвезди.
Се надеваме и многу други ќе го следат нивниот пример.

Прегледи:
699
Објавено на:
13.12.2016