Категории

Овие луди закони важат само за Јапонија

Јапонија важи за посебна и чудна нација, гледано од перспектива на другите нации во светот. Нивната уникатна култура и специфичен начин на однесување може да ве изненади ако не ги познавате, а сакате да ја посетите Јапонија, може да ве изненади.

Во Јапонија важат правила кои за многу луѓе  се чудни, но за други многу смешни.

Едно од правилата на Јапонците е дека имаат строги правила околу името на новороденчињата. Тие веруваат во моќта на името врз судбината на личноста и поради тоа не смеат да одберат име кое носи негативна енергија.

Во Јапонија забрането е да се биде дебел. Од 2008 година од Јапонија има специјален закон како мерка државата да се бори против прекумерната тежина кај граѓаните. По закон, на луѓето од 40 до 75 години им се мери струкот и кај мажите тој не треба да биде поширок од 85 сантиметри, а кај жените од 90 сантиметри.

Во Кина не смее да се произведува алкохолни пијалаци во домовите. За прекршување на ова правило следува 5 години затвор и  парична казна од 5.000 долари.

Еден од законите е дека жените мораат да носат градници во климатизирани простории. Законот е измислен за да се спречи злоупотреба и малтретирање на работното место на жените во климатизираните згради поради наежените брадавици.

Уште едно навистина чудно правило, кое за професионалните танчери звучи многу чудно е забрането танцување во клубовите. Во јапонскиот закон е пропишано дека во локали помали од 66 метри квадратни е забрането танцување.

Што се однесува до сексуалниот живот, во Јапонија можете да започнете со сексуални односи од 13 години, но не можете да се омажите пред 18 години.

Луѓето кои имаат тетоважи имаат забрана да посетуваат базени и бањи. Нема закон кој формално ги забранува тетоважите. Но, на многу места има залепено плакати на кои на луѓето со тетоважи им се забранува да посетуваат бањи, сауни и базени.

 

Прегледи:
450
Објавено на:
18.02.2018