Категории

Овие млади луѓе направија спој меѓу бруталистичката скопска архитектура и Јапонската поп култура

Интересен проект на Зорица Петковска и Лилика Стрезоска, кој ги спојува Скопје и Токио иако се одалечени илјадници километри. 

Скопје, како што знаат скопјани, е поврзано со Јапонија преку архитектурата на Кензо Танге, неговиот голем проект за Скопје, после ужасниот земјотрес во 1963 година. Иако целосниот план не се реализираше, сепак во градот сеуште постојат згради кои се олицетворение на модернистичката архитектура. Врската меѓу неодржуваната и запоставена брутаистичка архитектура во Скопје и Јапонската поп култура ја оживеаа овие девојки. Тие преку нивната љубов кон Harajuku, создале приказна спојувајќи ги двете далечни земјви во едно.

Фотографиите се правени на повеќе локации во Скопје, како што е комплексот УКИМ, Хидрометеоролошкиот центар, студентскиот дом Гоце Делчев, скопската гимназија Никола Карев, железничката станица и други, а повеќе може да погледнете на инстаграм профилот.

we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-2__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-3__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-4__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-5__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-6__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-7__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-8__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-9__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-10__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-11__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-12__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-13__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-14__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-15__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-16__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-17__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-18__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-19__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-20__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-21__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-22__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-23__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-24__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-25__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-26__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-27__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-28__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-29__880 we-found-the-secret-japan-in-skopje-macedonia-30__880

Извор: Boredpanda