Категории

Овие напитоци задолжително вклучете ги во дневната рутина

Иако повеќето луѓе се сконцентрирани на храната која ја внесуваме во организмот, многу е важно да се создадат здрави прехранбени навики и кога станува збор за внесувањето на течности.

Кога зборуваме за внесувањето на течности во организмот, потврдено е дека мажите треба да пијат 3 литри дневно, додека жените околу 2, 2 литри. Но, постојат и други повкусни начини за добивање на потребната хидратација на организмот.

Кокосово млеко

Кокосовото млеко е здрава течност создадена од зрели кокоси. Овој егзотичен пијалак е најпопуларен на Филипините, Карибите и насекаде каде што успеваат стеблата со кокоси. Станува збор за млеко со интензивен мирис на кокос со сладок вкус. Ова е одлична замена за кравјото млеко бидејќи лесно се вари, едноставно се прави и содржи хранливи состојки во изобилие.

Наместо кафе, изберете чај

Размислувате ли да го замените кафето со чај? Освен што се поедноставни за подготовка, исто така е и многу подобро за вашите заби, а некои чаеви даваат еднаква количина на енергија како и кафето. Билните мешавини немаат кофеин, додека традиционалните чаеви имаат помалку од 50% од она што се наоѓа во кафето. Доколку сакате да се префрлите од кафе на чај, тогаш обидете се со црн или чај од билки, кој ќе ве расони и ќе ви даде енергија како и кафето.

Рецептот на нашите баби – сода бикарбона и вода

Овој познат домашен лек може да помогне во неутрализацијата на желудочната киселина и намалување на болките во желудникот. Но, не се препорачува да го консумираат деца помали од 5 години. Исто така, имајте на ум дека пречеста консумација на вода и сода бикарбона може да биде штета, особено за луѓето кои боледуваат од дијабетес, бубрежни пореметувања и други хронични состојби.

Прегледи:
423
Објавено на:
01.02.2018