1.Го правиш она што го сакаш и се чувствуваш помалку изолирано од другите
Колку посакуваш се повеќе, толку повеќе можеш да се носиш со искуствата на животот сама и чувствуваш дека не сакаш да бидеш нечиј терет. Се почесто, можеш со сигурност да кажеш „јас го можам тоа“, на оние кои ти ја нудат својата помош. Се повеќе се чувствуваш осамено и изолирано, но во исто време чувствуваш осамено и изолирано, но во исто време се чусвтвуваш се погорделиво, посилно и понезависно.
2.Се освестуваш дека имаш некои проблеми самата со себе
Сега точно знаеш дали имаш проблеми кои мораш сама да ги надвладееш, било тоа да се непријатности предизвикани од тешкотиите, промена на расположението, недоверба или било што го сметува твоето нормално функционирање. Ти сега лесно признаваш дека се тука, дека треба да ги решиш и дека се тоа сосема природни делови од животот кои треба сама да ги пребродиш.
3.Имаш силна желба да прекинеш некои непотребни односи
Како времето минува, чувствуваш дека во животот имаш премногу познаници, но малку пријатели. Помалку почнуваш да се сомневаш во односите со другите луѓе, почнуваш да сфаќаш кој е вистински а кој не, кој сака да остане и обратно.
Ќе почувствуваш разочарување и вина, дури и тага спрема некои поединци кога ќе мораш да ги отпуштиш од твојот живот, но сепак си доволно храбра да ги прекинеш тие односи кои се нездрави и кои емоционално ја злоставуваат твојата внатрешност.
4.Се потешко им веруваш на луѓето
Не само затоа што си ги селектирала пријателите во твојот живот, туку и затоа што веќе не паѓаш на лагите на другите. Премногу пати си била разочарана, изиграна од туѓите ветувања кои никогаш не биле исполнети и сфаќаш како фунцкионира вистинскиот свет. Но после тоа што некои луѓе стекнуваат потполна доверба, ти ќе бидеш лојална пријателка и ќе направиш се за да ги одржиш односите.
ми
Не ти е тешко да се обвинуваш себеси за грешките кои си ги направила во минатото, потврдуваш дека си донела и некои лоши одлуки, а понекогаш и се би дала за да се вратиш и да започнеш се од почеток. Но, исто така успеваш и да разбереш дека жалењето за минатото нема да те одведе никаде и затоа одлучуваш дека единствена работа која можеш да ја направиш е да не ги повториш грешките.