Категории

Овие нешта ќе ви помогнат да го ОСВОИТЕ мажот од вашите соништа

Ви откриваме 5 начини кои ќе ви помогнат да го заведете мажот од вашите соништа, никој не е имун на овие работи..

Водете грижа за себеси
Мажите сакаат негувани, уредни и средени девојки. Тоа не значи дека во секој миг треба да биде нашминкани и облечени како да одите на некоја свеченост. Чиста коса, налакирани нокти, испеглана облека, маскара, парфем и убава насмевка – адути на кои ретко кој маж ќе одолее.

Природен изглед
Вештачки нокти, екстензии во коса, силикони во усни и гради, нацртани веѓи, или крај оваа листа? Многу девојки во последно време се осврнуваат кон вештачките нешта и се обидуваат да изгледаат како модели од насловна страна. Природниот изглед сепак не може ништо да замени и вистинскиот маж секогаш ќе го привлекува природна девојка а не пластична барбика.

Женственост
Мажите сакаат да освојуваат. Дозволете им. Бидете неспретни, дозволете да ви помогне во некои нешта како на пример отворање на шише, да ви го додаде капутот и да и ја отвори вратата. Џентлмените можеби се врста која изумира но и женствени девојки има се помалце.

Љубезност
Никој не сака арогантни, самобендисани луѓе. Немојте да бидете груби спрема келнерот ако ви донел нес кафе наместо продолжено со млеко. Грешки се случуваат. Обидете се да бидете љубезни и културни спрема луѓето во вашатао околина, секој маж посакува таква девојка покрај себе.

Самодоверба
Бидете јасни во она што го сакате. Правете ги сопствените планови. Зборувајте му за своите цели и амбиции. Ако ви се допаѓа, кажете му, дајте му до знаење. Немојте да глумите ледена кралица, тоа одамна е излезено од мода. Самоуверениот, јасен став и вистински магнет за привлечност.

Прегледи:
376
Објавено на:
18.10.2019