Категории

Овие парчиња облека штетно влијаат на здравјето

Сите ние сме љубители на различни парчиња облека. Ги носиме затоа што се чувствуваме убаво, пријатно и самоуверено во нив.

Но, некои од тие парчиња облека му наштетуваат на здравјето, бидејќи никогаш не ни текнува некој проблем да го поврземе со нив. Ова се парчињата облека кои му штетат на здравјето и поради тоа препорачливо е да ги носите поретко.

Танга гаќички

На жените им се омилени, бидејќи во нив се чувствуваат секси. Но, честото носење го зголемува ризикот за инфекции во пределот на гениталиите. Тангите најчесто се направени од синтетички материјали што ја задржуваат влажноста и топлината, а со тоа се создава идеална околина за опасните бактерии.

„Push-up“ градник

Поткревањето на градите е штетно бидејќи ги стиска и со тоа циркулацијата во крвта е побавна, што во иднина може да предизвика многу поголем проблем. Затоа, push up градниците, заменете ги со попријатни и меки, а нив користете ги само за посебни пригоди.

Долна облека за затегнување на телото

Жените редовно носат долна облека за затекнување, поради што често и се жалат на отекување и болки во желудникот заради силниот притисок на мидерот и сличните парчиња.

Тесни фармерки

Тесните фармерки или панталони може да предизвикаат многу непријатни последици–отекување, нарушувања во циркулацијата на крвта, проширени вени, дигестивни проблеми заради притисокот во стомакот, како и вкочанетост.

Високи потпетици

Кога одиме на чевли со висока штикла, тежината на телото е нерамномерно распоредена врз стапалото. Најмногу товар паѓа на прстите, заради што тој дел е често деформиран. Заради тоа, немаме добра рамнотежа, а тоа предизвикува проблеми со ’рбетот. Артритис, деформација на зглобови, проширени вени, искривување на телото се многу од повредите од кои страдаат жените поради честото носење на високи потпетици.