Категории

Овие парчиња облека треба да ги купувате во поголем број

Шопингот го обожаваат сите жени. Одењето во шопинг им помага на жените да се релаксираат и да заборават на проблемите.

Почетокот на годината е омилен кај многу жени. Тоа е време кога владеат попусти и шопинг викенди. Доколку веќе одите на шопинг, имајте во предвид дека следниве три парчиња облека се препорачува да се купат во поголем број.

Маички со кратки ракави

По неколку перења, маичките се собираат за околу 20% . Носењето на 2-3 броја поголеми маичи овозможува да избегнете лепење за телото и флеки од пот.

Кардигани и џемпери

Во тренд се широките џемпери. Исто така кога ги перете, перењето може да ја стесни плетката.

Кошули

Правилото дека „кошулата треба да ви е точна кај рамениците“ повеќе не важи. Се повеќе девојки и жени сè почесто носат XXL кошули. А зошто да не пробате и вие?