Категории

Овие протеини ги топат масните наслаги на стомакот

Масните наслаги околу стомакот не само што не изгледаат убаво и најчесто сметаат на самодовербата, туку и се штетни по здравјето. Затоа многу е важно да се консумира храна богата со протеини.

За сите оние кои сакаат да имаат рамен стомак, треба да ги јадат следниве 4 протеини.

Бадеми

Бадемите се богати со витамин Е и истите помагаат при намалување на холестеролот, но и при намалување на масните наслаги во пределот на стомакот. Бадемите се добри за срцето, но исто така се вистински извор на енергија доколку се консумираат во утринските часови.

Кисело млеко

Едно канче кисело млеко е вистински избор за почеток на дневното мени. Киселото млеко е богато со добри бактерии кои што помагаат за побрзо варење на храната, како и при намалување на воспаленијата во цревата.

Киноа

Киноа е производ кој што ги содржи сите девет аминокиселини. Доколку го замеите белиот леб и оризот со киноа, ќе бидете посити и ќе го стабилизирате и шеќерот во крвта.

Лосос

Лососот е еден од најздравите протеини кои што можете да ги внесете во вашиот организам преку исхраната. Богат со омега-3, омега-6 масни киселини и витамин Б12, лососот е храна која што му помага на ваиот метаболизам да функционира побрзо и подобро да ги претвора мастите и протеините во трајна енергија.