Категории

Oвие работи можете да ги направите ако нозете ви се постојано смрзнати

Многу луѓе страдаат од смрзнати стапала. Тоа е навистина непријатен проблем. Посебно до израз доаѓа пред спиење, кога е речиси невозможно да се заспие, поради неможноста да ги стоплат.

Доколку вашите стопала постојано се смрзнати, можете да ги направите следниве нешта.

Секогаш пијте течности, особено топли. На тој начин ќе го поттикнете крвотокот.

Туширајте се или пак млазот вода насочете го само кон стапалата и пуштете млака накај студена вода. Потоа направете контраст со топла вода.

Масажата на стапалата е идеална доколку има кој да ви ја овозможи пред да си легнете.

Посетете сауна. Најбрз начин да ја разработите циркулацијата на крв е сауната. Дозволете си неколку пати месечно да посетите сауна.

Потрудете се вашите обувки да бидат од природни материјали, а не синтетика. Нека не бидат премногу тесни, бидејќи така дополнително ја отежнувате циркулацијата на крв.

 

Прегледи:
532
Објавено на:
02.03.2018