Категории

Oвие работи сигурно не сте ги знаеле за мажите

Мажите и жените се разликуваат по многу работи.

Кога станува збор за нив, секогаш сме заинтересирани да дознаеме нови работи и факти за нив. Па, доколку ве интересираат и вас овие разлики и карактеристики што ги одвојуваа мажите од жените, во продолжение ќе дознаете многу повеќе.

Мажите сакаат пополни жени кои изгледаат здраво, односно кои имаат нормална висина и тежина.

Кога мажот сака да и покаже на жената дека се интересира за неа и сака да ја привлече, тој несвесно зазема став во кој покажува дека е силен и храбар. Тој ги ставаат палците на коланот од нивните панталони.

Мажите се позадоволни кога ќе слушнат пофалба и комплимент од други мажи, а тоа повеќе им ја зголемува самодовербата.

Мажите јадат повеќе во друштво на жени. Според едно истражување тие јадат 93% повеќе пица и 86% повеќе салата, за разлика од кога би јаделе во машко друштво.

Мажите исто така лажат повеќе од жените. Просечен маж лаже 6 пати на денот, независно дали тоа се однесува на шефот, колегите или партнерот.

Пријателството помеѓу мажите е најчесто во главно базирано на заеднички интереси. Тие сакаат да играат спорт со пријателите, да гледаат натпревари или да играат игри заедно.

Мажите размислуваат на други жени речиси 1 година. Мажот поминува 43 минути во денот размислувајќи или гледајќи жени.

Прегледи:
449
Објавено на:
11.02.2018