Категории

Oвие работи треба да ги направите со вашата најдобра пријателка

Најдобриот пријател е наша сигурност во овој непредвидлив свет. Тие го гледаат најдоброто во нас, дури и тогаш кога сме најлоши. Најдобрите пријатели ни помагаат да се изградиме повторно кога ќе го допреме дното.

Најдоброто нешто во пријателството е што можете многу работи да правите заедно, кои ќе го зацврстат вашето пријателство.

Одете заедно на патување. Откријте некоја нова држава, нова култура во Европа и запознајте нови пријатели. Доколку не можете да одите на патување надвор од државата, одете на кратко патување во границите на нашата земја и уживајте.

Волонтирајте заедно во некоја хуманитарна акција. Ќе се чувствувате одлично и ќе можете да наздравите за вашата хуманост со чаша вино.

Помогнете си околу шминката и дотерувањето. Погледнете заедно неколку туторијали на “Youtube” и пробајте да ги нашминкате очите и да направи некаква интересна фризура.

Купете си белезии за да го означите вашето пријателство. Исто како што и како мали сами си подарувавте пластични аки, направете го тоа и сега. Само овој пат подарете си вистински и поубави белезии.

Праќајте си смешни фотографии барем еднаш неделно. Нема ништо подобро од смешна фотографија што може да ви го разубави и најлошиот ден, особено ако ви ја пратила вашата најдобра пријателка и се работи за некоја интерна шега што само вие си ја разбирате