Категории

Овие работи треба да ги направите за себе

Многу луѓе се посветуваат многу на работата и на обврските, поради што забораваат да си посветат време за себе.

Често се случува да се чувствуваме изморени и да посакаме да си ги спакуваме куферите и да заминеме на некое егзотично патување. Со цел да не го изгубиме разумот и да останеме присебни, потребно е да почесто да издвојуваме време за себе и да правиме работи кои не прават среќни.

Некои од нештата кои треба да ги направиме се следниве:

Изгубете се во книжара или во библиотека.

Размислувајте позитивни мисли и постојано пофалувајте си се во себе за постигнувањата.

Пејте на глас. Танцувајте на улица. Не се воздржувајте кога сте во јавност.

 Донирајте ги сите парчиња облека што не сте ги носеле повеќе од една година.

Волонтирајте. Нема подобро чувство од помагањето на оние што имаат потреба од помош.

Започнете со некаква физичка активност и обидете да ја практикувате барем три пати неделно.

Згответе вкусна храна, без да размислувате на тежината или калориите.

Земете ги клучевите од автомобилот и возете без крајна дестинација.

Пронајдете ново хоби или обрнете повеќе внимание на она што веќе го имате.

Направете листа со лични цели и начини на кои сметате дека можете да ги остварите.