Категории

Овие се неверојатни факти за животните кои сигурно не ги знаете

Животните се секогаш интересни за истражувања и учење.

На многу од нас, биологија ни бил омилен предмет за учење, затоа што сме учеле за животните, нивната градба, начинот на репродукција, но, и за нивните навики.

Но, сигурно никој не ви ги кажал следниве неверојатни факти за животните. Ќе се изненадите.

Јастребот врапчар ја пали тревата за да ги натера глодачите да излезат од дупките

Птицата јастреб врапчар фрлала запалени стапчиња на тревата. На овој начин го тера пленот да излезе од дупките.

Жаба што целосно замрзнува

Оваа жаба буквално замрзнува, и тоа во период од 6 до 7 месеци. Кога мразот и го покрива телото, нејзините бели дробови и срце престануваат да и работат, а крвта престанува да и циркулира. Штом ќе дојде пролет, жабата одмрзнува и продолжува да живее.

Риба што создава совршено геометриско гнездо

Овој дезен им помага на рибите да преживеат со тоа што собира фини честички песок од океанот.

Алкохолот им помага на рибите да преживеат студени зими

Кога златните рипки чувствуваат дека доаѓа студ, нивното тело произведува етанол, кој го спречува пукањето на тенките клеточни мембрани дури и во многу студена вода.

Отпечатоците од прсти на коала се речиси идентични со човечките

Коалите имаат исти отпечатоци на прстите како и луѓето. Всушност, тие се толку слични што ни експертите не можат да ги разликуваат.

 Кралот на харингите е неверојатно долга риба

Ова морско чудовиште било фатено пред неколку години во близина на островот Санта Каталина. Рибата се смета за крал на харингите и има должина од неверојатни 5,5 метри

Прегледи:
541
Објавено на:
26.02.2018