Категории

Овие совети ќе ви помогнат безбедно да чекорите по снегот

Вчераутро Македонија се разбуди под снег. Снежната покривка предизвика насмевки на лицата на многу деца и ги натера да излезат надвор и да уживаат во снежната убавина.

Но ваквото време носи и ниски температури и мраз. Било да сте со возило или да се движите пешки, вашето движење ќе биде многу отежнато.

За да чекорите безбедно по снегот, прочитајте ги следните совети.

Движете се низ снегот

Чекорете по снег кој не е разгазен. Тој може да ви биде од голема корист доколку се најдете на површина со снег и мраз. Неразгазениот снег ви овозможува да правите сигурни чекори низ него.

Научете да паѓате

Падот е нормален при овие услови. Побезбедно е да паднете, а падот да го ублажите со вашите дланки отколку да ги правите тие движења кои доколку не успеат да ве задржат на нозе најверојатно ќе бидат опасни за вас.

Носете ракавици

Ракавиците или грејачите за зглобови и лакти покрај тоа што го греат вашето тело, исто така ве заштитат и од повреди.

Дланките секогаш нека ви бидат празни

Вашите дланки се вашата најголема помош. Практикувајте никогаш во рацете да не држите мобилен телефон, чанта, паричник или друг предмет.

Носете соодветни обувки

Избегнувајте чевли со мазен ѓон бидејќи ја зголемуваат опасноста од лизгање, а место нив секогаш одбирајте чевли со рапав ѓон. Имајте на ум дека естетскиот изглед е помалку важен, за разлика од вашите безбедност и удобност кои треба да се на прво место.

Намалете ја брзината на движење

Секогаш движите со намалена брзина. Потребната зимска опрема не се налага само за да добиете казна за нејзино неносење, туку и поради вашата безбедност. Намалената брзина при возење освен што ќе ве заштити вас ќе ги заштити и сите други учесници во сообраќајот.