Категории

Овие жени се отров и лек за мажите – Тие ги оставаат без здив

Жените кои се свесни за своите квалитети, кои знаат да бидат среќни и исполнети без емоционален партнер, се по фатални од другите, покажуваат истражувањата.

Најпривлечен е мажот кој има верба во себе, а тоа е афродизијак без конкуренција и таа врста на моќ е многу по делотворна од материјалната.

Фатална жена
Кога ќе се спомне изразот „фатална жена“ прво што ни паѓа на памет е заносна убавица, таинствена, привлечна, неодолива, која остава без здив.. Сепак, самиот поим првенствено означува преубава, но опасна жена, која мажот потполно го заведува со својата магија, но и на крајот го отфрла а често и го убива. Изразот прозилегува од францускиот јазик „femme fatale“, и во буквален превод значи судбинска но смртоносна жена.
Самиот израз е популаризиран во филмовите во 20-от век, а како што запишал еден француски филмски критичар „фаталната жена има камено срце под секси комбинезон од црна свила. Таа едноставно ги уништува мажите.“
Таа својата магија ја нагласува со телото, а со харизмата го прекрива својот карактер. Умее да го контролира мажот и од него да извлече се што ќе посака. Мажот е потполно опседнат со нејзината убавина и магии, што за неа би направил буквално се.

Психолозите тврдат дека „фатални жени“ се оние кои зрачат, имаат доза на таинственост во себе, вроден сексапил, па на мажот кој ги посматра им делуваат недопирливо, мистериозно, таинствено. Но тајната не е во совршеното тело, провокативниот фустан, цррвениот кармин или парфемот кој го носи, тајната е во изразот на лицето, гестовите, однесувањето, говорот и држењето на телото. Жената изгледа фатално кога е нескротлива и неосвојлива.

Некои теоретичари тврдат дека фаталноста е вродена, односно некои жени се предодредени да бидат неодоливи. Постојат преубави жени кои на мажите им се интересни но за кратко, и такви не толку атрактивни но впечатливи што можат да направат мажот потполно да ја „изгуби“ главата за нив.
Фаталноста е енергија со која жената зрачи само ако е задоволна со себе.

Прегледи:
488
Објавено на:
25.11.2019