Категории

Овие знаци покажуваат дека имате ИДЕАЛЕН маж

Откријте дали покрај себе поседувате идеален маж каков секоја жена посакува

Совршени луѓе, секако, не постојат. Но кога ќе се заљубиме ни се чини дека тоа е најпрекрасниот човек на светот. Сепак, во исто време можат да се појават и сомнежи, дали сме го избрале вистинскиот животен сопатник?
Ние ви откриваме како да ја решите таа дилема, откријте какви особини поседува беспрекорниот партнер.

Не се плаши од потешкотии и ги решава проблемите
Вистински маж – тоа не се само вообичаени убави зборови, туку и одлучни постапки. Тој во тешките мигови е спремен да се спротивстави на проблемите со својата сила.

Способен е сам да зготви вечера
Мажот кој изгледа мажествено а умее и да готви е идеален. Така мислат денешните жени.

Секогаш ве поддржува, дури и ако сте направиле голема грешка
Сите грешиме, но и кога ќе се случи тоа вашиот партнер треба секогаш да биде на вашата страна. Дури и кога не сте во право. Наместо да ве прекорува, тој ќе ви пружи поддршка.

Обрнува внимание на ситници
Ова не значи дека мажот мора да го знае секој детал од вашиот живот или да памти каков фустан и чевли сте носеле на првиот состанок. Но затоа знае колку шеќер да ви стави во кафето или чајот, или која песна да ја остави да свири на радио затоа што ви се допаѓа.

Тој не е паметен, туку е мудар
Нема дилема дека е корисно покрај себе да се има човек кој ги знае принципите на нуклеарната физика, но уште поважно е ако знаете дека покрај вас имате некој кој умее да пронајде излез од секојдневните обични ситуации. Ако вашиот маж умее да ви даде практичен совет како да речеме, се расправате со вашата мајка, тогаш имате среќа.

Знае како да ве расположи
Кога се чувствувате лошо, вашиот маж знае како да ве врати во вашата вообичаена рутина: ќе се нашали, или ќе направи некој гест кој ќе ве расположи и веднаш почнувате да се чувствувате подобро.

Умее да прави договори и да пронајде компромис
Со полиција, со водоинсталатер, со расплачена жена, итоа сето тоа без подмитување и закани. Дури и со плашливиот сосед. Тој умее да го смири секој конфликт, а тоа е знак за идеален партнер.

Не заборава на вашите проблеми штом излезе од дома
Обично на мажите им е тешко да се сконцентрираат на неколку нешта истовремено, но човекот кој ве сака нема да ги занемарува вашите проблеми и да вели „Ќе видиме за тоа утре.“

Важно му е вашето мислење
За што и да се работи тој секогаш бара ваше мислење, па дури и кога не е нешто исклучително важно, едноставно му значи што мислите вие на одредена тема и сака да го слушне тоа.

Ви помага во домашните работи
Ако вашиот маж ве цени и почитува, тој нема од вас да прави домаќинка. Свесен е дека сте уморни од работа и затоа ќе ви помогне да го средите домот доколку го замолите.

Прегледи:
622
Објавено на:
25.12.2019