Категории

Овие знаци покажуваат дека вашиот партнер е емотивно недостапен

Прво се одеше совршено, но потоа одеднаш нешто се промени

На почетокот – чувство како да сте добиле на лотарија. Не само што тој е неверојатно духовите и привлечен, туку е и вистински шармер. Од спонтани повици на кафе, до романтични вечери кај него дома, знае точно што треба да направи или каже за да ве задоволи.
Но одеднаш сетоа тоа се променува. Прво се одеше совршено, но потоа одеднаш забележувате дека нешто недостига. Повиците и пораките не се толку чести, а едвај да можете и да го фатите на кратко. Поради идеалниот почеток сакате да се обидете да ја решите ситуацијата, но неговото „ладно“ однесување прави да се чувствувате изгубени. Не можете конкретно да просудите зошто, едноставно во некој миг почнал да се оддалечува.
Ако вашиот партнер и вие не сте на исто ниво кога се во прашање размислувањата за чувствата, време е да го напуштите. Пазете се од овие знаци кои понекогаш се многу лесни да се предвидат.

1.Вашите планови кои ги организирате со него, секогаш пропаѓаат
Неколку дена со ред планирате заедничко поминување на времето, но во последен миг тој ви откажува или што е полошо – не се појавува.

2.Му ѕвоните но не можете да го добиете
Сега е официјално – излегувате со дух. Дадовте се од себе да стапите во контакт со него но тој едноставно не ви одговара. Или одговара на секоја трета порака. Ставете крај и избришете го брјот, веднаш!

3.Стравот од врзување му е второ име
Со текот на времето забележувате дека сите негови ветувања дека ќе ве запознае со семејството и пријателите биле само лажни ветувања. Ако сте со некој кој сака да се гледате само насамо, тоа е едно од најопасните предупредувања дека не му се допаѓате, или не е ментално и емотивно зрел за да превземе следен чекор. Кажете му „пријатно!“

4.Мотото му гласи: „Јас и само јас“
Понекогаш ви е тешко да одлучите дали е тој во врска со вас или со самиот себеси. Кога планира состанок, го иницира еднаш додека сите останати сте ги иницирале вие. Како и за се друго, тој е многу повеќе сконцентриран на себеси и на своите нешта отколку на вас и било што во врска со вас.

5.Не превзема никаква иницијатива
Штом почнете да разговарате за вашата врска и нејзиниот напредок, како таа ќе се движи во иднина, тој се повлекува во себе. Веќе со месеци ви повторува: „Нема потреба од брзање, да видиме пополека каде ќе води ова“. Ако го препознавате ова сценарио и веќе сте навикнати на тој еден ист одговор, веројатно е дека до напредокот нема никогаш да дојде. Најдобра промена би била – раскинување!

6.„Немој да ме притискаш“
Тој уште на самиот почеток е емотивно повлечен.
Кога почнавте да се забавувате ви кажа дека не се наоѓа многу добро во врските. Секако, вие помисливте дека можеби е скромен, но уствари тука лежи многу поголем проблем.
Ако отворено ви зборува за своите недостатоци – верувајте му. Тоа е веројатно негов начин да ве предупреди во што се впуштате. Тој ги фрлил картите на масата и на вас останува да одлучите дали ќе бидете сеуште во игра.

Прегледи:
431
Објавено на:
10.11.2019