Категории

Овие знаци укажуваат дека телото ви е во добра форма

Физичката форма на вашето тело, не зависи само од вежбањето. Тоа зависи и од флексибилноста, како и од многу други фактори.

Следниве 6 знаци укажуваат дека телото сепак ви е во добра форма

Телото ви се движи лесно

Доколку не чувствувате болка кога се движите или пак не чувствувате болка откако ќе станете од стол, тоа значи навистина дека сте во многу добра форма.

Се потите на почетокот од вежбањето

Доколку уште на почетокот на вежбањето се потите, тоа е знак дека телото е навикнато на физичка активност. Спортистите или луѓето кои редовно вежбаат, се потат порано и повеќе во текот на одредена физичка активност.

Кога се истегнувате, можете да си ги дофатите стапалата

Флексибилноста на телото е многу важна. Доколку навистина можете да ги дофатите стопалата, тоа значи дека вашето тело е во навистина добра форма. Еден начин е да практикувате јога вежби за истегнување на мускули. На тој начин ги одржувате мускулите во правилна форма и спречува повреди и болки во телото.

Спортот ви е забавен

Луѓето кои се во добра форма вежбањето и спортските активности ги гледаат како нешто во кое навистина уживаат. Ако спортот ви е хоби или слободното време сакате да го поминувате правејќи нешто поврзано со одредена физичка активност, без разлика дали сте слаби или не, тоа е знак дека сте во супер форма и ви годи ваков стил на живот.

Имате добро држење на телото

Доброто држење на телото значи дека телото е урамнотежено и флексибилно. Доброто движење на телото спречува повреди во текот на вежбањето или извршувањето на било какви дневни обврски.