Бебешкиот мозок почнува да регистрира луѓе и ситуации веќе во првите денови од раѓањето. Како детето расте, така се развива и неговиот мозок, па се повеќе помни и регистрира.
Уште од првиот ден од својот жиот, бебето може да го препознае гласот на својата мајка, мирисот, а ден до два подоцна и нејзиниот лик. Меѓутоа, доколку мајката е принудена да го остави бебето кое е старо неколку недели, детето ќе го заборави сето тоа за неколку денови. Со напредувањето на помнењето на бебето, расте и неговата способност да помни се што го опкружува, а на возраст од две години помнењето на детето е трајно. Еве како тече развојот во првите две недели:
Возрасните во своите мисли постојано го комбинираат минатото, сегашноста и иднината. Кога станува збор за новороденче, работите се многу поедноставни: за него постои само сегашност, односно тоа го мисли само тоа што го слуша, чувствува, мириса, гледа во моментот. Многу стручњаци тврдат дека новороденчињата успешно може да ги смират оние звуци кои ги слушале додека биле во мајката, а други пак, велат дека бебето воопшто не се сеќава на тој период.
Во прилог на тоа тврдење, тие наведуваат дека бебето се смирува кога ќе слушне пријатна музика, звук на мотор од автмобил или правосмукалка, бидејќи сака ритмични звуци. Новороденчињата не можат да се сетат што се случувало пред само неколку часа, освен ако повторно не се најдат на истото место. Според тоа, бебињата би се сетиле на периодот кога биле во утробата на мајката, само ако повторно се најдат таму. Сепак, звукот на чукањето на срцето може да им биде познат.