Категории

Овој Дедо Мраз ограбува банки!

Маж облечен во костум на Дедо Мраз ограбил банка во Мемфис, во сојузната американска држава Тенеси, пренесува во саботата телевизиската мрежа ABC News.

Инцидентот се случил во средата во една од филијалите на банката „City Employee Credit Union“ во Мемфис. Мажот облечен во традиционалниот црвен костум и со маска на Дедо Мраз на лицето. Почнал на клиентите и на вработените да им дели бонбони посакувајќи им среќен Божик, а потоа на вработениот на еден од шалтерите му предал белешка со барање да му бидат предадени парите.

Откако го добил она што го барал, итриот ограбувач нормално си заминал од банката и пешки исчезнал меѓу толпата на улицата. Притоа, не се соопштува дали крадецот се заканувал со оружје, ниту олку пари однел со себе.

Според снимките од надзорните камери, се верува дека сторителот е афроамериканец и оти заминал од банката со помал пакет. Полицијата трага по него и потврдила за телевизијата дека во врска со грабежот досега нема уапсени, и се повикуваат граѓаните да дадат информации за овој бизарен грабеж на банка.

Извор: Макфакс

Прегледи:
339
Ознаки:
·
Објавено на:
25.12.2016