Категории

Овој кит убиец научил да зборува: Орка од Франција почнала да го присвојува човечкиот говор (ВИДЕО)

Китот убиец Вики од францускиот морски парк научил да говори. Оваа орка, инаку најголемиот вид на делфин, може да изговори дури шест зборови. Тоа го прави со помош на дупките за исфрлање на вода од грбот.

Засега не е познато дали може тие зборови да ги користи во комуникација, но научнистите се оптимисти.

– Постојат шанси Вики наскоро да биде способна за разговор со нас. Тоа е направено со некои видови на папагали и делфини кои го научиле знаковниот јазик, па можт да комуницираат со луѓето – вели Др. Нозе Абрамсон, научник од Универзитетот во Мадрид.

Вики е првиот кит убиец кој покажал способност за учење на говорот на луѓето.

Научени зборови:

  • Ејми
  • Еден
  • Два
  • Три
  • Здраво
  • Довидување

 

Прегледи:
1502
Објавено на:
14.03.2018