Категории

Овој материјал најдобро ќе ве стопли во текот на зимата

Познато е дека зимите се најстудени во Русија.

Меѓутоа и во нашите области е многу студено во вечерните часови и ако не сте добро облечени можете лесно да настинете.

 

Она што ве спречува студените зимски температури да ги доживеете како бајка, е всушност материјалот што го носите. А кој материјал најдобро функционира во зима? Кога ќе излезете од дома и планирате да поминете барем неколку часа надвор, облечете блуза од полиестер, а врз неа џемпер од волна. Овие се најтоплите достапни материјали!

 

Ткаенините како памукот можат да ја ослободат топлината од телото и исто така овозможуваат влагата да се акумулира на кожата. Значи, нема смисла да носите памучна маица во зима, освен ако не сте повеќе или помалку во затворен простор. Затоа, одлучете се за полиестер или волна и осигурете се да ви биде топло во зима.

Прегледи:
491
Објавено на:
16.12.2019