Категории

Овој маж наоѓа бебе верверичка на својот кревет која израснува во прекрасно домашно милениче

Враќајќи се дома, овој човек го чекало вистинско изненадување: мајка верверица направила гнездо од гранчиња, исушени борови на неговиот кревет за нејзините две новородени верверички.

Кристина и Мајкл биле повикани за да се справат со овој необичен инцидент и тие се обиделе повторно да ги обединат бебињата со нивната мајка. Сепак, мајката била зафатена со собирање материјали за гнездото, и немала намера да ги зема бебињата со неа. На крајот, таа престанала да се враќа кај нив.

За жал, едно од бебињата не успеало да преживее, а по прегледот на другата верверичка кај локален ветеринар за диви животни, тој установил дека се мали шансите да преживее и втората верверичка. Токму поради ова сознание, Кристина и Мајкл решиле да ја посвојат верверичката и да дадат сѐ од себе таа да преживее.

Тумбелина била посебна уште од самото раѓање. За разлика од другите мали верверички, Тумбелина не била заинтересирана за скокање и качување. Таа одела, наместо да трча, и седела наместо да се качува.

И покрај големите напори да ја претстават и поврзат со други верверички, таа никогаш не била заинтересирана за нив. „Не знам што мисли дека е, но сигурно не мисли дека е верверичка“, велат Кристина и Мајкл.

Сега Тумбелина е среќна верверичка која има мирен живот со мама и тато. Таа сака грашок, аругула и авокадо. Но, мрази да поминува време на отворено, студено време, други верверички и правосмукалка.