Категории

Овој напиток со причина е наречен еликсир на здравјето: Една чаша на ден ги исфрла сите токсини од телото!

Сурутката е течност која се добива од кравјо млеко при создавањето на сирење. Многу е богата со минерали, витамини, аминокиселини, протеини кои се здрави за нашиот организам.

Бидејќи станува збор за течност, знаеме дека таа бргу стигнува до сите органи и на тој начин се надокнадуваат многу недостатоци во нашиот организам. Поради ниската pH вредност, преносот до органите е многу брз и ефикасен.

Во еден литар сурутка може да најдеме дури 360 килокалории, што е за половина помалку од калориите кои можеме да ги пронајдеме во едно литро свежо млеко.Покрај споменатото, сурутката во себе содржи и белковини.

Минералот кој го пронаоѓаме во сурутката го одржува тонусот во клетките, го спречува високиот крвен притисок, мозочен удар и инфаркт. Протеините, од друга страна, спречуваат остеопороза, го регулираат холестеролот, го спречуваат забниот камен, ја зголемуваат мускулната маса, го зајакнуваат имунитетот и најмногу го регулираат црниот дроб.

Еден од начините да се подготви сурутка:

1 литар млеко оставете го да се свари. Во жешкото млеко додадете сок од лимон. 1 литар млеко комбинирајте со сок од 1 лимон. Оставете да се олади. Оладеното млеко ставете го во флаша и потоа ставете го во фрижидер.

Прегледи:
589
Објавено на:
02.03.2020