Категории

Овој пар ќе помине 20.000 километри на велосипед низ светот!

Ед Леви и Емили Кауард тргнале на пат околу светот со своите велосипеди. Нивното патување е долго 20.000 километри.

Ед Леви и Емили Кауард се млад пар од Велика Британија. Тие тргнале на пат околу светот, долг 20 000 километри. Оваа авантура ќе ја доживеат на своите велосипеди. Леви истакнал дека заедно со Емили решиле со велосипеди да го прошетаат светот.

Тргнале од Лондон, а планираат нивното патување да заврши во Нов Зеланд. Знаејќи дека за да стигнат до крајната точка треба да извозат 20 000 километри, Лени истакнува дека нивната авантура не е воопшто лесна, посебно бидејќи дел од патувањето е низ планински предели.


Тој исто така додал дека дневно во просек поминуваат 50-70 километри, во зависност од условите на патот, а некогаш возат и повеќе од 100 километри.
„Ова е навистина една голема авантура и ни пружа чувство на слобода“. По патот се среќаваме и се запознаваме со прекрасни луѓе. Имаме прилика да вкусиме јадења од сите делови на светот“-истакнал Леви.
Парот нагласува дека од секогаш сонувале за таква авантура.

Прегледи:
580
Објавено на:
26.06.2019