Пиејќи го своето утринско кафе, овој пар дошол до идеја како на интересен и поинаков начин да ги презентира своите патувања од прекрасните и егзотични дестинации. Тој е љубител на добрата фотографија, а таа обожува да црта.
Па така наместо стандардната “селфи” фотографија, создаваат една “цртана” двојка, нарекувајќи ги Абанг и Ненг и преку нив ги прикажуваат своите авантури. Овој пат погледнете ги убавините на Бали од поинаква перспектива.
Романтична вечера на плажата Џимбаран
Медитација на преубавата плажа Пандава
Мирис на океан, ветрот ја гали косата и глетка која го одзема здивот!
Небо, песок, сонце… Животот е убав!
Поздрав од најшарениот ресторан во Бали: Мотелот Мексикола
Уживање во печена пченка
Зајдисонце, пиво, вистинско уживање!
Конечно сме на плажа!
Лажици полни шеќер
Посета на Храмот Улувату
Во Бали уметноста и занаетот се на секој чекор