Дали во овие студени зимски денови ве фаќа носталгија за лето? Дали моментано сакате да уживате на некое топло место и да се чувствувате неколку години помладо? Доколку одговорот на ова прашања е „да“, тогаш летното одморалиште “Epic Sana” со пет ѕвездички во Португалската Алгарве е вистикото решение за вас.
Ова одморалиште се наоѓа на карпите над златните песоци на Falesia Beach, на само половина час од аеродромот во Фаро и е одлично за умот, телото и душата. Тука луѓето можат да си посветат време само за себе, да вежбаат, да посетуваат фитнес часови, да уживаат во прекрасните третмани и масажи.
“Epic Sana” располага со пет отворени базени, затворен базен, прекрасен спортски комплекс и релаксирачки “Sayanna Wellness Spa”.
Без оглед на тоа дали одите со вашиот партнер, пријател, или сами, кога ќе се вратите ќе се чувствувате10 години помладо.