Категории

Со овој трик, хулахопките повеќе нема да се кинат и траат подолго

Освен тоа што најлонските хулахопки веќе нема да пукаат толку лесно, овој трик ќе ви помогне бојата на хулахопките да биде постојана и да не се лепат влакна на нив. Малку е необично, но многу едноставно.

Модните стручњаци велат дека постои одличен трик кои ги штити најлонките од пукање – пред да ги облечете едноставно треба да ги ставите во ладилникот за длабоо замрзнување.

Постапката е следна – најпрво намокрете ги, па ствете ги во кесичка за замрзнување и така ставете ги во ладилникот. Оставете ги во длабокото замрзнување цела ноќ, а наутро одледете ги на радијаторот и облечете ги.

Оваа постапка ги зајакнува влакната на најлонските хулахопки и поради тоа стануваат поотпорни на оштетување.

Постои теорија дека температурите под нулата ја зајакнуваат ткаенината. Студот делува на молекулите така што отккао ќе се вратат на собна температура стануваат поотпорни и не може да се скинат така лесно како претходно.

Познати ни се повеќе трикови за хулахопките да траат подолго како што се прскање со лак за коса, триење со сапун, ставање ракивици на рацете при облекувањето за да не ги потфатиме со кожата или ноктите и слично, но, единствено методата со длабокиот замрзнувач се покажала како ефикасна.

Прегледи:
415
Објавено на:
04.12.2017