Категории

Со овој трик веднаш ќе ја исчистите дамката од пудра од вашата блуза

За време на шминкањето на многу девојки им се има случено да им капне од пудрата или пак да ја извалкаат омилената блуза додека ја облекувате.

Во таква ситуација потребно е дамката да се отстрани пред да се исуши. Со помош на овој трик ќе успеете да ја отстраните.

Се што треба да се направи е да се стави мала количина на пена за бричење директно на дамката и да се протрие. Потoа треба да се остави да се исуши неколку минути и на крај да се стави во машина за перење или да се испере рачно.