Категории

Овој уметник рекреира познати уметнички дела, користејќи го телото како платно!

Многумина шминката не ја сметаат за уметност, но талентираните уметници упорно покажуваат зошто шминката е моќна уметничка алатка.

21-годишниот Nils Verberne, познат како Lithunium Snow, е исклучителен шминкер и модел кој се опишува себеси како „чудното дете од Холандија кое сака да си игра со шминка и фотоапарат“. Неговото „играње“ му носи повеќе од 580000 следачи на Инстаграм и 315000 следачи на Youtube.

Освен неговите фасцинантни шминкерски способности, тој рекреира и дела од познати уметници на своето тело. Инспириран од иконската уметност на Ван Гог, Ботичели, Да Винчи, Климт и други, тој го трансформира своето тело во платно и прави исклучителна уметност.

 

 

Прегледи:
754
Категории:
Уметност
Објавено на:
28.10.2020