Овој викенд, 18 и 19 мај, во градскиот парк 6-ти пат по ред се одржува фестивал на цвеќето под мотото „Скопје цвета“.
На фестивалот на цвеќето кој се одржува овој викенд учество ќе земат над 30 изложувачи. Покрај преголемиот избор на цвеќиња, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни активности како што се анимации за деца, музика, вежби како зумба и јога на отворено.
Целта на фестивалот е да се приближи цвеќето до граѓаните, да се зголеми креативноста и да се научи нешто повеќе за цвеќињата, а секако и да се зголеми свеста за заштитата на животната средина.