Категории

Овој викенд започнува зимското сметање на времето

Овој викенд ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад.

Цела Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Со тоа, времето во 3 ќе се смета како 2 часот.

Експрертите тврдат дека промената на часовниците предизвикува низа здравствени и психолошки нарушувања кај човекот. Според некои научници, поместувањето на часовникот може да доведе до мигрени, нервоза и депресија, губење на енергијата.

Иако Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Сепак, Советот на ЕУ не го прифати овој предлог, сметајќи го како избрзан.

Прегледи:
387
Објавено на:
26.10.2021