Категории

Овој висечки шатор го прави кампувањето многу позабавно

…затоа што, кој навистина, сака да спие на земја?

Ако сакате вистинско автентично искуство во природа, овој висечки шатор е одговорот.  Се вика  Cacoon и е дизајниран од  сопружниците Nick и Sarah. Инспирирани од птичје гнездо и од авантура низ џунгла, тие направија своја верзија за во дворот, а резултатот е релаксирачки уште со самото гледање. Дизајнирани од многу цврст материјал кој е водоотпорен, а сепак мек (како природно платно), овие шатори се во разни бои и големини; бонсаи- за деца, единечен – за еден возрасен и неколку деца, или двоен – за двајца возрасни.

visecki-shator-2

Ако во дворот немате доволно големо дрво, копманијата продава и трипод (сталак), што значи дека овој висечки шатор можете да го ставите  како лулашка дома).

visecki-shator-3

Оваа статија е преземена од Interior.mk -магазин кој се фокусира на трендови од областа на дизајнот, животниот стил и инспирација за уредување на Вашиот дом.

Прегледи:
439
Објавено на:
12.04.2016