Категории

Овој здрав напиток ќе ви овозможи енергија за целиот ден

Дали сакате да појадувате здрав оброк кој ќе ви даде енергија за целиот ден, а без притоа да потрошите многу пари? Доколку, одговорот на вашето прашање е „да“, тогаш време е да направите едно oсвежувачко смути.

Смутито е многу популарен пијалок. Во него можете да ставате разни видови на овошје и зеленчук, а истиот да остане вкусен. Овој хранлив пијалак го забрзува метаболизмот и го поттикнува и разградувањето на масните клетки и помага во губењето на вишок на килограми.

За подготовка на смутито потребно ви е  ½ шолја незасладено бадемово млеко,  половина замрзната банана, ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје), 1 лажичка какао во прав.

Начин на подготовка

Сите состојки се ставаат во блендер и мешајте додека не се добие кремаста текстура. По потреба, се додава бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина.

 

Прегледи:
542
Објавено на:
02.02.2018