Дали сакате за новогодишните празници да подготвите нешто ново, вкусно и здраво?
Доколку ви здосади секоја година да ги правите истите десерти, овој пат ви предлагаме да направите овошен леб, кој не содржи бел шеќер и е многу вкусен и најважното, одговара на годишното време и на расположението.
Доколку сакате да го подготвите, потребни ви се следните состојки:
65 грама вишни или некое друго шумско овошје (може и повеќе доколку сакате)
лажици интегрално брашно (пченично, јачменово или некое друго со глутен)
5 лажичиња мелен афион
3 банани
2 јајца
3 лажичиња масло
1 лажиче прашок за печиво
Начин нa подготовка:
Најпрво вклучете ја рерната на 180 степени. Додека чекате да се стопли, земете еден сад и изматете ја белката, па додајте ги бананите кои претходно сте ги исекле на кругови и продолжете да матите се додека не добиете пенеста маса. Кога сето тоа ќе се соедини, додајте ја жолчката и продолжете да матите со миксерот, притоа полека додавајќи масло. Откако ќе добиете хомогена смеса, тргнете го миксерот настрана, додајте ги сите останати состојки освен вишните и мешајте ги полека со лажица за масата да не го изгуби својот волумен. Подгответе помала тава, со калап за леб и обложете ја со хартија. Прво сипете еден слој на дното, па распределете еден дел од вишните. Потоа, уште еден слој, па повторно вишни и така по малку додека не го потрошите целото тесто и вишните. Полека ставете ја тавата во загреаната рерна и печете додека не зарумени. За крај, украсете го со прелив од топло чоколадо или со шеќер во прав.