Категории

Озонската дупка над Антарктикот е поголема од обично оваа година

Озонската дупка над Јужната хемисфера е поголема од обично оваа година, а веќе ја надминала големината на Антарктикот, соопштила службата на Европската унија за надзор на атмосферата Коперникус.

Од оваа служба наведуваат дека озонската дупка, која секоја година се појавува во текот на пролетта на Јужната хемисфера, значително се зголемила минатата седмица.

Озонот ја апсорбира ултравиолетовата светлина

Се соочуваме со прилично голема и потенцијално длабока озонска дупка. Атмосферскиот озон апсорбира ултравиолетово светло кое доаѓа од Сонцето. Неговото отсуство значи дека ова високоенергетско зрачење стигнува до Земјата, каде што може да им наштети на живите клетки.

Прегледи:
369
Објавено на:
17.09.2021