Забрането е да плачеш, а да не научиш нешто,
да се разбудиш, а да не знаеш што да правиш со себе,
да се плашиш од сопствените спомени.
Забрането е да не им се смееш на проблемите,
да не се бориш за она што го сакаш,
да се откажеш од сѐ поради сопствениот страв
да ги оствариш своите соништа.
Забрането е да ги оставиш своите пријатели,
да не се обидеш да разбереш сѐ што сте поминале заедно,
и да ги бараш само тогаш кога се неопходни.
Забрането е да не бидеш свој пред другите,
да се преправаш пред луѓето за кои не се грижиш,
да глумиш кловн за да те паметат,
и да ги заборавиш сите кои навистина се грижат за тебе.
Забрането е да не направиш сѐ за себе,
да бидеш исплашен од животот и од она за кое те обврзува тој,
да не го живееш секој ден до последниот здив.
Забрането е да ти недостига некој без радост,
да ја заборавиш неговата насмевка и очи,
само затоа што тој избрал поразличен пат од твојот,
забрането е да го заборавиш неговото минато
и да го замениш со неговата сегашност.
Забрането е да не се обидеш да ги сфатиш другите
да мислиш дека нивниот живот е повреден од твојот,
без да спознаеш дека секој има свој пат и слава.
Забрането е да не создаваш сопствена приказна,
да немаш момент за оние на кои си им потребен,
да не разбереш дека животот е она што дава,
а исто така и што одзема.
Забрането е да не ја бараш среќата,
да не го живееш животот со позитивен став,
да не сметаш дека секогаш може подобро;
Забрането е да заборавиш дека без тебе,
овој свет не би бил ист.
– Пабло Неруда