Категории

Пабло Неруда: Забрането е да се откажеш поради сопствениот страв

Забрането е да се плаче а ништо да не се научи од тоа,
да се разбудиш, а да не знаеш што со себе,
да се плашиш од сопствените спомени.

Забрането е да не им се смееш на проблемите,
да не се бориш за она што го сакаш,
да се откажеш поради стравот
за остварување на своите соништа.

Забрането е да ги оставиш своите пријатели,
да не се обидеш да најдеш разбирање за се што сте поминале заедно,
и да ги бараш само кога се неопходни.

Забрането е да не бидеш свој пред другите,
да се преправаш пред луѓето кои не ти се важни,
изигрувајќи кловн за да те паметат,
и да заборавиш на сите на кои си им важен.

Забрането е да не направиш се за себе,
да се плашиш од животот и сè она на што те обврзува тој,
не живеејќи го секој ден до последен здив.

Забрането е да ти недостига некој без радост,
да ја заборавиш неговата насмевка и очи,
а се само затоа што избрал поинаков пат од твојот,
забрането е да го заборавиш неговото минато
и да го замениш со неговата сегашност.

Забрането е да не се обидеш да ги разбереш другите,
мислејќи дека твојот живот вреди повеќе од нивниот,
без да сфатиш дека секој има свој пат и слава.

Забрането е да не создадеш сопствена приказна,
да немаш време за оние на кои си им потребен,
да немаш разбирање дека животот е она што го нуди,
а исто така и тоа што го зема од нас.

Забрането е да не ја бараш среќата,
да не живееш живот со позитивен став,
да не сметаш дека секогаш можеш да бидеш подобар;

Забрането е да заборавиш дека без тебе
овој свет не би бил ист.

Пабло Неруда

 

Прегледи:
785
Објавено на:
06.11.2017