Категории

Пакувајте ги куферите: Неколку знаци кои покажуваат дека итно ви е потребен одмор!

Понекогаш мораме да успориме и да си дадеме себе си неколку дена одмор.

Секојдневниот стрес може целосно да ве исцрпи. Нервозата предизвикува многу болести, па затоа обрнете внимание на тоа. Кога ви се чини дека секојдневните работи почнуваат да ве исцрпуваат, време е да земете длабок воздух.

Ова се јасни знаци кои укажуваат дека е време да успорите:

Колегите ве прашуваат дали сте добро

Другите луѓе сигурно пред вас ќе приметат дека сте нервозни и под стрес. Доколку вашите колеги ве прашуваат “Дали се е во ред, изгледаш

уморно?” и сл. Тоа може да биде јасен знак дека итно ви е потребен одмор.

Често правите грешки

Хроничниот стрес е честа причина за грешки во работата. Поради замор, ја губиме способноста да се фокусираме на обврските и повеќе не можеме одговорно да ги извршуваме.

Сé ве боли

Кога сме во стресни ситуации, телото ослободува хемикалии кои се причина за воспаление и зголемена чувствителност на болка во телото.

Проблеми со спиењето

Несоницата, дури и зголемената потреба за сон, исто така се јасни знаци за големо ниво на стрес.

Повеќе не ја поднесувате вашата работа

Луѓето кои се под голем стрес и притисок ја губат перспективата и не можат да пронајдат мотивација за работата која ја работат. Ако вашата работа станува неподнослива тешка, тогаш е вистинско време за одмор.

Прегледи:
587
Објавено на:
24.07.2019