Категории

Палачинки со тиква: Неодолив десерт!

Направете го омилениот десерт на малку поинаков начин и уживајте во магијата на вкусот

Состојки:

  • 3 дл млеко
  • 225 грама пире од тиква по ваш избор
  • 1 јајце
  • 2 лажици масло
  • 250 грама брашно
  • 1 лажица шеќер
  • половина пакетче прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка морско оревче
  • 1/4 лажичка каранфилче
  • 1 лажичка ванила
  • половина лажичка сол
  • парчиња чоколадо (количина по желба)

 

Подготовка:

Во блендер измешајте го млекото, пирето од тиква, маслото и јајцето додека не добиете хомогена смеса.

Во сад измешајте го брашното, зачините, шеќерот и солта.

Оваа смеса внимателно измешајте ја со предходната и на крај додадете ги парчињата чоколадо.

Печете ги палачинките во подмачкана тава и кога ќе видите дека рабовите стануваат поцрвенуваат, превртете ги и печете ги уште една минута од другата страна.

Прегледи:
392
Објавено на:
19.10.2019