Категории

Паметни телефони со батерија што се полни за пет минути?

Паметните телефони со батерии кои целосно се полнат за пет минути би можеле да се најдат во продажба од следната година.

Таквата технологија првпат е претставена во 2015 година кога израелски Стордот ја претстави флеш-батеријата на саемот во Лас Вегас.

Извршниот директор на Стордот Дорон Мајерсдорф за ББЦ рече дека почетокот на производството се очекува на почетокот на 2018 година, наведувајќи дека не може да обелодени кои производители се пријавиле за користење на таа технологија.

Тој во 2015 година рече дека батеријата на неговата фирма содржи материјали што овозможуваат „нетрадиционални“ реакции и необично брз трансфер на јоните од анодата до катодата, процес што ја напојува батеријата.

Оваа батерија се прави од нано материјали, кои се карактеризираат со исклучително мала структура и неименувани органски соединенија.

 

 

Иѕвор: Макфакс

Прегледи:
433
Објавено на:
13.05.2017