Категории

Пандев се врати во националниот дрес

Фудбалската репрезентација на Македонија вo среда игра пријателски меч со селекцијата на Словенија, а она што може да не радува е тоа што најдобриот стрелец во историјата на нашата репрезентација Горан Пандев повторно се врати во тимот.

Тимот во моментов е во Словенија, Копер, а денеска го одработија и првиот тренинг. Во тимот владее исклучително позитивна атмосфера, а мечот со Словенија ќе биде одличен тест за нашите репрезентативци.

По 2 и пол годишна пауза Пандев повторно се врати во националниот тим, а истакна дека време е Македонија да се дигне на ниво на кое треба да биде.

Прегледи:
397
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
22.03.2016