Категории

Паоло Коелјо: Кога ќе пораснеш, ќе откриеш дека честопати си ја бранел лагата, си се лажел себеси и си пател за глупости

Мораш да се привикнеш на малку тага. Нема да знаеш што е среќа, ако немаш со што да ја споредиш.

Кога ќе пораснеш, ќе откриеш дека честопати си ја бранел лагата, си се лажел себеси или си пател за глупости. – Во одреден момент на нашето постоење губиме контрола над сопствениот живот и препуштаме сѐ на судбината. Ете, тоа е најголемата лага на светот. – Кој сака да го види виножитото, мора да научи да го сака дождот.

Најбедни се оние кои рамнодушно ја набљудуваат туѓата беда. – Не доаѓаат сите невремиња да ти го уништат животот – некои доаѓаат да ти го расчистат патот. Смртта обично ги тера луѓето подобро да го почувствуваат животот. – Кога некој оди, си оди затоа што доаѓа некој друг во животот.

За љубов не требаат прични. – Мора да се навикнеш на малку тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа ако немаш со што да ја споредиш. – Никој не и го принесува на жртвата најдрагоценото што го има – љубов. – За да веруваш во сопствениот пат, не мора да докажуваш дека туѓиот е погрешен.

Ниеден живот не е потполн без трошка лудило. Зборовите се запишани солзи. Солзите се зборови кои треба да се ронат. Кога сакаме од длабочината на душата веруваме во нешто, се чувствуваме посилни од светот и не обзема спокојство кое произлегува од цврстото убедување дека ништо не може да ја уништи нашата верба.

Таа необична сила ни овозможува секогаш да донесеме вистински одлуки во вистински време, а кога ќе ја оствариме својата цел, дури тогаш стануваме свесни за нашите способности. На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата, без разлика дали станува збор за некоја пустина или сред некој голем град. И кога ќе се сретнат тие личности и нивните погледи ќе се вкрстат, целото минато и целата иднина губат секакво значење и постои само тој момент.